Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) одлучи Фенербахче да го загуби со 3:0 напуштениот меч од Суперкупот на Турција против Галатасарај, а ќе биде казнет и со четири милиони турски лири (116.000 евра), објавија турските агенции.
Во соопштението на ТФФ се наведува дека одлуките на комисијата се донесени во врска со финалниот натпревар од Суперкупот кој на 7 април се играше против Галатасарај, но беше прекинат поради повлекувањето на Фенербахче од теренот во втората минута.
Членот на управниот одбор на клубот Фенербахче, Ахмет Кетенци е суспендиран на 60 дена и казнет со 12.000 евра поради неспортско однесување со повлекување на тимот од натпреварувањето. Галатасарај е казнет со 25.000 евра поради инциденти на теренот и неспортското однесување на навивачите.