Фудбалер на Лидс ја прекина кариерата по повредата во дуелот со Грилиш

1007

Дефанзивецот на Лидс, Стјуарт Далас објави дека ја завршува фудбалската кариера откако не успеа да заздрави по фрактурата пред две години. Репрезентативецот на Северна Ирска се здоби со скршеница на ногата во дуел со играч на Манчестер Сити, Џек Грилиш во 2022 година и од тогаш нема одиграно натпревар.

Во текот на последните две години, медицинскиот тим во Лидс, како и неверојатните хирурзи во Лондон, работеа неуморно за да ми помогнат да се опоравам од повредата. За жал, и покрај нивните напори, моето тело не реагира на третманот на тој начин. Морам да го сфатам фактот дека коленото ми е непоправливо оштетено и не можам повторно да играм професионален фудбал. Потресен сум од оваа вест“, изјави 32-годишниот десен бек.

Тој има одиграно 266 натпревари за Лидс и 62 за Северна Ирска. Во својата кариера играше и за Куг Јунајтед и Крусејдерс во својата татковина, како и за англиските Брентфорд и Нортхемптон.

ПретходноФердинанд со критики до Донарума: Играта му беше катастрофална и влијаеше на поразот
СледноМедведев и Зверев елиминирани од Мастерсот во Монте Карло!