Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло откако го совлада Лоренцо Мусети со 2:0 во сетови (7:5, 6:3).
На Ѓоковиќ му беа потребни речиси два часа да го скрши отпорот на крајно мотивираниот Италијанец и да помине во следната фаза од турнирот. Италијанецот подобро го „отвори“ мечот правејќи ран брејк, но Ѓоковиќ до крајот успеа да го надополни загубеното и да го освои првиот сет.
Во вториот сет Ѓоковиќ веднаш направи брејк и можеше да ја зачува таа предност. Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Алекс де Минор од Австралија.