Богдановиќ го собори рекордот на Тре Јанг по бројот на постигнати тројки

186

Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ стигна до бројаката од 235 тројки во сезоната 2023/2024 и го собори рекордот на Атланта.

Богдановиќ кој оваа сезона ја почна како шести играч во составот на Хокс, се почесто беше стартер во финшот на сезоната и успеа да го крене процентот на шутеви за три поени. Со синоќешните пет тројки на мечот против Шарлот, српскиот поентер дојде до вкупно 235 тројки оваа сезона, со што го собори досегашниот рекорд Тре Јанг со 233 тројки во една регуларна сезона.

Богдановиќ има ефикасност од 37,4% од ударите од далечина, а со оглед на тоа што до крајот на регуларната сезона има уште два меча, рекордот на франшизата може да биде и подобрен.

ПретходноЦ. Звезда се изрезили во Истанбул, Партизан остана без плеј-ин
СледноНенадејно почина селекторот на младата репрезентација до 17 години, Дашмир Беари