КЛ: Астон Вила и Бриж со минимална предност ќе одат на реваншите

72

Астон Вила и Бриж со предност од првите дуели на домашен терен ќе земинат на реванш четвртфиналните дуели во Конференциската лига. Вечерва на „Вила Парк“, Астон Вила со 2:1 славеше над Лил, додека Бриж минимално со 1:0 го победи ПАОК.

Головите за Англичаните беа дело на Воткинс и МекЏин, додека голот надеж за Лил го постигна Диаките.

Бриж, пак, до минимална победа над ПАОК дојде со голот на Фетлесен уште во 8. минута на мечот.

Реванш дуелите се на програмата следната недела.

ПретходноТФТ не греши двапати, го освои Чаир и изедначи на 1-1!
СледноКлоп по дебаклот со Ливерпул: O, Боже…