ЛЕ и ЛК: Милан-Рома во центарот на вниманието

153

Вечерва ќе се одиграат првите четвртфинални натпревари од Лига Европа и Лигата на конференции.

Во центарот на вниманието е „Сан Сиро“ каде што ќе играат Милан и Рома. Италијанските ривали ќе се борат за пласман во полуфиналето, а тоа е нивен прв меѓусебен дуел на меѓународна сцена.
И Рома и Милан никогаш не го освоиле Купот на УЕФА/Лигата на Европа. Милан е во добра форма, втор е на табелата и е во серија од седум победи, додека Рома под водство на Де Роси се стабилизира и почна да бележи одлични резултати и има само еден пораз на последните 11 натпревари. Поразот на гостувањето кај Брајтон во осминафиналето на ЛЕ не го поремети нивниот пласман понатаму. Во саботата славеа со 1:0 над Рома па со голема самодоверба го чекаат овој дуел.

За Милан недостапни се Побега, Миранте, Калулу, Муса, а Рома не може да смета на Кристанте, Паредес, Спинацола и Азмун.

ЛИГА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)
МИЛАН – РОМА      21:00 ч.
ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА     21:00 ч.
ЛЕВЕРКУЗЕН – ВЕСТ ХЕМ      21:00 ч.
БЕНФИКА – МАРСЕЈ       21:00 ч.

ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)
ПЛЗЕН – ФИОРЕНТИНА       18:45 ч.
ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ      18:45 ч.
АСТОН ВИЛА – ЛИЛ        21:00 ч.
БРИЖ – ПАОК           21:00 ч.

ПретходноСуарез е непоправлив, за малку ќе му ја скршеше раката на противникот
СледноФердинанд со критики до Донарума: Играта му беше катастрофална и влијаеше на поразот