Мартин Карапалевски следната сезона ќе го носи дресот на Ваљадолид, тим кој стана како ветен за македонските ракометари. За средбиот бек на Вардар 1961 ова ќе биде прв интернационален предизвик.
Во Ваљадолид ќе му прави друштво на Димитар Димитриоски кој се пронајде токму во овој клуб, а ќе се размине со Дарко Димитриоски, кој следната сезона ќе биде член на Аликанте.
На клупата на шпанскиот тим е Давид Писонеро кој додека беше тренер на Вардар немаше убави моменти за паметење.
Ваљадолид се наоѓа на седмото место во АСОБАЛ лигата со 23 бода.