Шпанскиот репрезентативец јаде како пештерски човек: Така живеам, така ќе умрам!

353

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпанската репрезентација Маркос Љоренте јаде како пештерски човек. Станува збор за палеолитската исхрана, која подразбира конзумирање на храна која ја земале луѓето од времето на старото камено доба. Поточно, Љоренте јаде месо, овошје, зеленчук, риба, јајца, јаткасти плодови и слично.

Од друга страна, на пример, не јаде ориз, тестенини, леб, брашно, млечни производи, месни производи и рафинирани јаглехидрати.

“Го јадам она што се јадело во палеолитот. Морав да ја елиминирам рафинираната храна, не можам ни да ја гледам, ниту житарките. Оваа диета е начин на живот. Вака живеам, вака ќе умрам. Сето ова е за моето здравје, не е само за фудбалот. Ќе продолжам да се грижам за себе и кога ќе ја завршам кариерата“, изјави Љоренте за Cadena SER.

Љоренте ги помина сите возрасти на Реал Мадрид и играше за неговата резерва и првиот тим. Накратко беше во Алавес, додека Атлетико го доведе во 2019 година за 30 милиони евра. Во Атлетико одигра 194 натпревари, постигна 27 и асистираше на 28 гола. За шпанската репрезентација има 18 настапи, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 30 милиони евра.

ПретходноЛуис Енрике: Ништо не е загубено, дуелот во Барселона ќе биде финале!
СледноДани Алвеш останува на слобода – одбиена жалбата на обвинителството