Ван Перси за првпат ќе води сениорски тим

171

Робин ван Перси ја заврши својата фантастична играчка кариера во 2019 година како напаѓач на Феенорд, по што веднаш се посвети на тренерската работа. Најпрво беше асистент, додека денес ја води јуниорската екипа. Но, тоа може да се промени следната сезона, кога тој би можел за првпат да стане тренер на сениорскиот тим на Херенвен.

Ван Перси би можел да го наследи Кис ван Вондерен, чиј договор истекува на крајот на сезоната со клубот кој моментално е на 11. место во холандската лига. Спортскиот директор на Херенвен, Фери де Хан, не сакаше да ги коментира гласините за Ван Перси, кого добро го познава бидејќи заедно играа во Феенорд во раните 2000-ти.

Фудбалската кариера Ван Перси ја започна во јуниорите на Екселсиор, а потоа замина во Феенорд. Откако играше за своите младински тимови, тој се пресели во сениорскиот тим. Арсенал го донесе во 2004 година и таму ги помина следните осум години, освојувајќи два трофеи, постигнувајќи 132 гола и еднаш беше прогласен за играч на годината.

Во 2012 година Манчестер Јунајтед плати 30 милиони евра за да го доведе Ван Перси кој за нив постигна 58 гола. Покрај наведеното, славниот холандски напаѓач беше член на Фенербахче од 2015 до 2018 година, а потоа се врати во Феенорд и стави крај на кариерата. За холандската репрезентација одигра 102 натпревари и постигна 50 гола.

ПретходноПочна да се руши Градскиот стадион под Шара! (ВИДЕО)
Следно„ФорФорТу“: Македонскиот дрес од ЕУРО 2020 е петтиот најдобар во историјата на ЕП!