Почна да се руши Градскиот стадион под Шара! (ВИДЕО)

1061

Како што и беше најавено Тетово ќе добие нов, модерен стадион со капацитет за 12.000 гледачи. Инаку денеска попладнево откако градоначалникот на Тетово, Билал Касами го објави проектот на новиот стадио, како тој ќе изгледа, почна рушењето на стадионот. Поточно една од трибините, онаа што е наспроти главната.

Ова рушење и градење ќе биде во фази, а тоа значи дека Шкендија, барем до крајот на оваа сезопна нема да има проблем своите мечеви како домаќин да игра на овој стадион. Не ќе може да игра само кога ќе се реконструира теренот и кој ќе биде со хибридна подлога.

Главната и најголема досегашна трибина ќе се руши а потоа и гради последна.

Инаку попладне пред голем број фанови се одигра ревијален меч меѓу ветераните на Шкендија генерација 1979 година и генерација на играчи од 1992 година од Тетово.

Меч кој предизвика големо внимание.

Да спомене дека во текот на денот „СпортСпорт“ објави низ фотографии како ќе изгледа новиот стадион во Тетово.

 

ВИДЕО: ТВ 21

ПретходноВардар се изнамачи со Пролет, ама сепак победи!
СледноВан Перси за првпат ќе води сениорски тим