И дефинитивно е јасно дека оваа пролета полусезона Елиф Елмас како нов член на Лајпциг нема да ја памети по добро. Имено нашиот Дијамант добиваа многу мала минутажа од тренерот Марко Росе, обично некаде во 80.минута. Така да со одиграни десетина минути и да сака не може ништо да покаже.
Тренерот Росе на денешниот пред пред утрешниот меч со Волвсбург се осврна и на оваа тема:
“Повторно разговарав со Елмас. Му кажав дека сите ние во клубот веруваме во него, но дека мора да биде трпелив. Не е среќен, тоа е јасно, но ќе добие шанса, тоа е сигурно. Тие што се стандардни се во добра форма и тешко би можел да ги отстранам од првиот тим“ посочи Росе покрај другото.