Фудбалерите на Аталанта направија голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лига Европа откако во првиот четврт-финален натпревар на „Енфилд“ го совлада Ливерпул со 3:0.
Со оваа победа Аталанта ја прекина серијата од 33 меча без пораз на Ливерпул на „Енфилд“. Последниот домашен пораз „црвените“ го доживеаја во февруари минатата година од Реал Мадрид (2:5) во Лигата на шампионите, а потоа искомбинираа 28 победи и пет нерешени.
„Ова беше под нивото. Сè што може да тргне наопаку – тргна наопаку, и најпрво им се извинувам на навивачите. Наше е да се фокусираме на натпреварите што претстојат и да се обидеме да го промениме ова“, рече ѕвездата на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.
Реваншот во Бергамо е следниот четврток.