Вардар 1961 гостин на Пролет, домаќинот порача: Нема да се предадеме без борба

66

Денеска продолжуваат пресметките во плеј-офот, а Пролет го чека нова тешка задача. Гостин во салата „Македонско Сонце“ е Вардар (18.30). „Црвено-црните“ зад себе го имаат триумфот над Пелистер, на другата страна домаќинот го има поразот од Алкалоид.

Иако Вардар ја има улогата на фаворит, Пролет како и секогаш ќе се обиде да одигра најдобро на домашен терен и да се обиде да се замрсат сметките на некој од елитните тимови во плејофот.

„Свесни сме за големината на предизвикот. Вардар одличната форма ја потврди со победата над Е. Пелистер пред неколку дена, јасно е дека ќе бидат фаворити и против нас, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме без борба. Мораме да научиме да играме 60 минути во ист ритам, не смееме да имаме толкави падови во нападот бидејќи во плејофот играме со ривали кои ја казнуваат секоја наша грешка. Против Вардар мораме да бидеме на висина на задачата, да имаме што помалку осцилации и што поголема дисциплина во нападот. Тоа е единствениот начин на кој можеме да му се спротивставиме на овој противник“, порачуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот меч.

ПретходноЃоковиќ одговори за провокациите: Ако ти се случи нешто лошо – брани се!
СледноЕХФ донесе одлука: Начевски доби суспензија од две години и парична казна од 5.000 евра