Додека Кејн бил на пат за Лондон неговите деца имале собраќајна несреќа

432

Пред два дена Баерн Минхен ремизираше против Арсенал 2:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Еден од погодоците во Лондон го постигна Хари Кејн, но впечаток е дека во текот на играта баш и не се грижел за фудбалот, со оглед на тоа што му се случи на личен план.

Во сообраќајната несреќа учествувале неговите деца. Среќата во несреќа е што се извлекле само со полесни повреди.

Во понеделникот, додека Хари Кејн бил на пат за Лондон на меч со екипата на Баерн, три од неговите деца доживеале сообраќајна несреќа.

За среќа тие биле полесно повредени и со возило на Брза помош биле пренесени во болница. Сите кои биле во возилата се здобиле со полесни повреди.

Англиските медиуми јавуваат дека штетата на возилата е околу неколку десетици илјади евра. Патот мораше да биде затворен околу два часа по несреќата.

ПретходноКлоп по дебаклот со Ливерпул: O, Боже…
СледноНЕВИДЕН СКАНДАЛ: Шеик го камшикуваше фудбалерот на Ал Итихад (ВИДЕО)