Фудбалскиот сојуз на Израел потпиша договор за соработка со Фудбалската конфедерација на Јужна Америка што би можело да значи преселба на Израелците во нова зона. Во Асунсион првиот човек на ФС на Израел, Моше Зуарез по потписот на договорот со претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез во кратка изјава за „The Athletic“ порача дека се работи за историски момент.
Се работи за соработка за унапредување на судењето, женскиот и младинскиот фудбал, тренерски курсеви, развој на технологија, медицина, маркетинг и комуникации и пријателски натпревари на клупско ниво и репрезентација. А Зуарез сака ова да прерасне во нешто повеќе, клубови да учествуваат во Копа Либертадорес или Копа Судамерикана или Израел да заигра на Копа Америка во друштво на Бразил, Аргентина, Уругвај…
„Се надевам дека израелскиот национален фудбалски тим ќе биде дел од големо натпреварување организирано од КОНМЕБОЛ, како на пример Копа Америка“, порача Зуарез.
Orgullosos de ser parte de la gran familia @CONMEBOL . Juntos por el bien del juego y el compañerismo.
The IFA is Proud to join the magnificent CONMEBOL family. Together, for the good of the play and camaraderie
ההתאחדות לכדורגל וקונמבול חתמו על הסכם שת”פ היסטורי. שינו זוארץ:… pic.twitter.com/yklC88Y0uj
— ISRAEL FA (@ISRAELFA) April 11, 2024