МЗТ до навивачите: Сакаме енергијата од мечот со Широки да ни ја пренесете и за дуелот со Гостивар

150

МЗТ Скопје забележа убедлива победа над Широки (85-69) во првиот четвртфинален плејоф меч од АБА2, која му носи голема шанса на македонскиот првак за место меѓу четирите најдобри екипи.

Но, работата не е завршена бидејќи има и реванш следната среда во БиХ.

Управата на МЗТ Скопје им се заблагодарува на сите кои во средата се најдоа на трибините во салата „Јане Сандански“ и кои дадоа непроценлива поддршка во убедливата победа на нашите момци во пресметката против Широки (85-69), со која направивме огромен исчекор кон пласман во полуфиналето од АБА2.

Помошта од секој еден од вас ни беше злато вредна, секој ваш аплауз и извик ги креваа адреналинот и енергијата кај избраниците на тренерот Васко Атанасов, поради што сите вие, заедно со кошаркарите и тренерите сте најзаслужни за значајниот триумф.

Затоа би сакале истата енергија да ја почувствуваме и на утрешниот дуел (сабота) на домашен терен против Гостивар (18 часот) во кој ќе сториме сѐ за да дојдеме до вториот триумф по ред во четврт-финалето од плејофот во македонското првенство. Дојдете повторно да ни помогнете и на крајот уште еднаш заедно да се радуваме“, соопштија од МЗТ.
ПретходноСинер го надигра Руне и се пласира во полуфиналето во Монте Карло
Следно76.Соседско дерби: Работнички е домаќин, а Вардар по три години се враќа на Арената!