Семовски со два гола за својот Коге!

224

На крилјата на младинскиот репрезентативец Еркан Семовски, Коге е добар пат да се избори за опстанок во Првата лига на Данска.

Имено Семовски денеска со својот Коге успеа да слави со 5:3 против тимот на Б.93, а нашиот репрезентивец двапати стрелаше во мрежата на гостите и тоа во 16.минута за 1:0 и во 56.минута за 4:2.

Секако дека добрата форма, голгетерска на Семовски, може да ги радува сите во нашата репрезентација до 21.година.

ПретходноПрепукувања во Арената: “Гробарите“ со навреди кон Раѓа и Кукоч, останатите фанови ги исвиркаа!
СледноФантастичниот Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз го освоија пехарот во Еврокупот!