Откако Луис Хамилтон објави дека по крајот на тековната сезона во Формула 1 ќе го напушти Мерцедес и во сезоната 2025 ќе вози за Ферари, секојдневно се шпекулира со тоа кој ќе биде неговит наследник ако се знае дека некогашниот светски првак во тимот од Маранело за совозач ќе го има Шарл Леклер.
Па така денови се почести се шпекулаците дека Карлос Саинц, возачот за кого нема место во Ферари, од иднината сезона ќе вози за Мерцедес.
Како што известуваат светските медиуми, раководството на Мерцедес и Шпанецот со многу блиску до договор во траење од две години.