Синер го надигра Руне и се пласира во полуфиналето во Монте Карло

200

Италијанската тениска сензација Јаник Синер го елиминираше данскиот тенисер Холгер Руне од Мастерсот во Монте Карло по победата со 2-1 во сетови 6-4, 6-7(6-8), 6-3. Мечот го одбележа реакција на Руне кон судиите за провокации од публиката, а доби само опомена поради жестокиот пристап.
Тој доби свирежи од трибините, но одлучи да го продолжи мечот. Данецот успеа во тај-брејкот да го добие вториот сет и да го изедначи резултатот, но во завршниот Италијанецот доминираше и се пласира меѓу четирите најдобри, а таму противник ќе му биде Стефанос Циципас кој претходно го елиминираше Карен Хачанов со 2-0 во сетови 6-4 и 6-2.
Инаку Синер е втор на светската АТП листа, а оваа година победи на Австралија опен, а неодамна триумфираше во Мајами што е негова втор Мастерс 1000 трофеј.

Toj e единствениот тенисер кој стигнал во полуфиналиња на три Мастерс 1000 турнири во една сезона.

ПретходноРаботнички казнет со 2.000 евра!
СледноМЗТ до навивачите: Сакаме енергијата од мечот со Широки да ни ја пренесете и за дуелот со Гостивар