„Тркачки болид од Англија, ексклузивно во Македонија“

234

Нашиот македонски шампион со богато тркачко и шампионско искуство и на англиските патеки, Бранко Кипровски – Кипро ексклузивно ќе го изложи автомобилот со кој ќе се натпреварува на претстојниот шампионат Racing Hondas во Англија. Ова е единствена можност за сите љубители на спортскиот автомобилизам, одблизу да го почувствуваат адреналинот.

Од петок (12.04) од 12 часот до недела (14.04), Кипро ве очекува во Дајмонд Мол каде што ќе биде изложен спортскиот болид Honda Civic Type R EP2 со 240 коњски сили.

Голема чест ми е што ќе имам можност на македонските љубители на автомобилизмот да им ги доближам спортските случувања од англиските патеки. Македонија е земјата од која започна се и затоа токму тука го претставувам автомобилот со кој ќе го завеам нашето знаме на пиедесталот“, изјави Кипро.

Оваа година од април до октомври, Кипро ќе се натпреварува за престижниот тим на Kinetic Motorsport во Англија на истите патеки на кои се одржуваат познатите трки на Формула 1.
На изложбата ќе имате прилика освен тркачкиот автомобил, да ја видите и опремата за возење и да се запознаете со Кипро.

ПретходноУтре Македонија ги дознава противниците за јуниорското СП
СледноБЏК Куп: Совладана Грузија, утре на дуел со Израел за четврто место