(У18) Два убедливи порази на младите одбојкарски репрезентации

143

Двете македонски одбојкарски репрезентации за играчи до 18 години претрпеа убедливи порази во денешните квалификациски дуели за пласман на ЕП 2024.

Женската јуниорска репрезентација по вчерашниот пораз од Србија, денеска загуби во три сета и од селекцијата на Холандија. За разлика од првиот меч, денеска избраниците на Александар Митев одиграа послабо и во трите сета немаа никакви шанси против исклучително квалитетниот тим на Холандија.

(У18 – ЖЕНИ) / ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА   3:0 (25-11, 25-14, 25-20)

Ана Ѓорѓиевска и Ивана Милева со по 5 реализирани поени беа најефикасни во нашата селекција, која утре го завршува квалификацискиот циклус во Врњачка Бања со третиот меч во групата против селекцијата на Чешка.

Машката јуниорска репрезентација до 18 години тргна со убедлив пораз на квалификациите во италијансиот град Поликоро. Во дуел со домаќинот на турнирот, Италија, избраниците на Ванчо Санев беа убедливо поразени во трите сета.

(У18 – МАЖИ) / ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА    3:0 (25-11, 25-12, 25-12)

Тоше Ефремов со 4 поени беше најефикасен во нашиот тим, кој утре во 2. коло од квалификациите ќе игра со Израел.

Претходно„ФорФорТу“: Македонскиот дрес од ЕУРО 2020 е петтиот најдобар во историјата на ЕП!
СледноПрепукувања во Арената: “Гробарите“ со навреди кон Раѓа и Кукоч, останатите фанови ги исвиркаа!