76.Соседско дерби: Работнички е домаќин, а Вардар по три години се враќа на Арената!

569

Во недела со почеток од 15 часот, во рамките на 27.коло во ПМФЛ, се игра 76.Соседско дерби меѓу Работнички и Вардар, нашите два најтрофејни клубови.

Работнички е улога на домаќин, а интересно е тоа што Вардар, како прволигаш, по цели три години ќе игра на Арената “Тодор Проески“ на еден официјален меч. За последен тоа беше против Македонија ЃП на 16 мај 2021 година, кога беше поразен со :0. Играше и во ноември 2022 со Железничар, ама тоа беше пријателски натпревар.

За ова големо дерби од Работнички официјално објавија дека за гледачите ќе бидат пуштени Западната трибина, за фановите на Вардар, како и Јужната трибина за останатите гледачи.

На Северната трибина ќе бидат официјалните лица.

Цената на билетите ќе биде 100 денари а истите ќе можат да се купат на билетарниците на Арената од 12 часот во недела.

ПретходноМЗТ до навивачите: Сакаме енергијата од мечот со Широки да ни ја пренесете и за дуелот со Гостивар
СледноНовак преку Де Минор до полуфинале во Монте Карло!