По малку неочекувано, но сепак Вардар и тоа како имаше проблеми на гостувањето кај Пролет во меч од 9.коло во нашата ракометна Суперлига. Крајниот резултат е 20:21. Победникот беше решен во финипот на мечот кога Вардар знаеше како треба и успеа да ја добие драмата со домашниот состав.
Треба да се каже дека се играше крајно неефикасно, посебно во првиот дел кој заврши со резултат 8:6 за домашниот состав. Навистина несфатливо дека Вардар за едно полувреме успеал да постигне само 6 голови.
И во продолжение од средбата Вардар се мачеше, постојано беше во негатива, но сепак во последните минути гостите знаеја како да дојдат до победа и успеаја во тоа, па така на крајот резултатот беше 20:21.
Стојановски кај Пролет постигна 5 голови, додека кај Вардар најефикасен беше Јасихура со 6 погодоци.