Партизан со победа се прости сезонава од Евролигата!

187

Сепак победа за крај за Партизан во оваа сезона во Евролигата и тоа против Валенсија со 79:66. Секако сезона која мора да се каже дека беше неуспешна со тоа ако се знае дека лани беа на чекор до Ф4, а годинава не успеаја “црно – белите“ да се пласираат ни во плеј – ин со што завршија на 11.место.

Вечерва во еден неважен, резултатски дуел, избраниците пред речиси полна Арена во Белград, сепак смогнаа сили и успеаја да триумфираат,.

Најефикасен беше Нанали со 19 поени, додека кај гостите солиден со 17 поени беше Ојелеуе.

На останатиме мечеви од последното 34.коло во Евролигата, вечерва Олимпјакос по продолженија го победи Фенербахче со 84:81, додека Виртус дома загуби од Басконија со 91:95.

ПретходноСе спрема спектакуларен трансфер во Формула 1! Познато е кој ќе наследи Хамилтон во Мерцедес?!
СледноЛацио убедлив против Салернитана! (ВИДЕО)