Фудбалерот на Арсенал и на украинската репрезентација, Олександар Зинченко, неодамна изјави дека би се приклучил на војската и би војувал ако биде потребно.
„Одговорот е јасен. Ако ме повикаат да се борам, ќе одам да се борам“, изјави Зинченко за Би-би-си.
А потоа стигна одговор од фудбалерот на Нотингем Форест и репрезентативецот на БС Коска, Серж Орие на кого не му се допаднале овие „лажни“ изјави на украинскиот фудбалер порачувајќи му дека доколку сака да се бори за својата земја не мора да чека да го повикаат.
„Прекини со својата претстава и веднаш оди таму да војуваш (во Украина). Вистинските доброволци никој не ги повикува“, му одговори Орие.