Аријан Адеми влезе во елитно фудбалско друштво во Хрватска!

286

Динамо Загреб освои нови бодови во трката по титулата во Хрватска, а вечерва славеше на гостувањето кај Горица со 0:2. Погодија Батурина во првото полувреме и Булат во второто полувреме.
Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми влезе во игра во 84 минута и со тоа го запиша 311. настап во Првата хрватска лига со што влезе во Топ 10 фудбалери со најмногу настапи ов најсилната фудбалска лига на Хрватска. На прво место е некогашниот играч на Задар, Осијек и Загреб, Јаков Сураќ со 478 настапи.

Стефан Ристовски одигра цел меч и доби жолт картон.
Динамо е втор со 63 бода, два помалку од лидерот Ријека.

ПретходноБорнмут е тврд орев за Манчестер Јунајтед
СледноРаботнички убедливо до полуфинале