Попладнево се одиграа сите осум средби од 24.коло во ПМФЛ. Беса како домаќин славеше против Скопје со 2:1 и со двата гола на Изаир Емини, па така сега овој тим е на чекор до официјализирање на пласманот во Првата лига.
Пелистер со 3:0 го победи Арсими дома, и тоа со головите на Христов, Спиркоски и магијата на Наумоски кој од половина терен стрелаше во мрежата на гостите.
Башкими го торпедираше Караорман, а Вардар (Н) го изненади Тетекс на негов терен. Охрид и Новаци одиграа 2:2.
Детонит како гостин со 1:3 славеше кај Осогово.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО
Башкими – Караорман 5:1
Беласица – Саса 1:1
Беса – Скопје 2:1
Охрид – Новаци 2:2
Осогово – Детонит 1:3
Пелистер – Арсими 3:0
Победа – Кожув 0:1
Тетекс – Вардар (Н) 1:2