Лацио пред своите гледачи вчера ја совлада Салернитана со убедливи 4:1, но сепак, по натпреварот како бомба одекна веста дека Луис Алберто, еден од најдобрите играчи на Лацио, побарал раскин на договорот и дека го напушта клубот.
“Последниве неколку недели беа тешки за мене. Не знам каков ќе биде проектот овде, но можам да кажам дека сигурно нема да бидам дел од тој проект следната сезона. Веќе побарав од клубот да го раскине договорот. Не сакам да земам ни евро повеќе од Лацио Мислам дека е добро да се тргнам на страна“, изјави шпански играч од средниот ред.
Алберто има договор со Лацио до летото 2027 година, но сега е јасно дека нема да го одработи до крај.