ПМФЛ: Забревтаниот Тиквеш по бодови и во Гостивар, скопски дуел на Чаир, Брера ја дочекува Воска

202

Попладнево од 15 часот ќе се одиграат три натпревари од 27.коло во ПМФЛ. На сите три има екипи кои во среда ќе ги играат реваншите од полуфиналето во Купот на Македонија, па затоа и се игра денеска.

Забревтаниот Тиквеш, кој секако дека е хит на сезоната, му гостува на Гостивар. Кавадарчани во среда ги чека историски меч во Купот, но денеска се оди на победа и кај квалитетниот состав на Гостивар. Стратегот Ѓорѓи Мојсов можеби и ќе комбинира со стартниот состав, но целта е јасна, да се освои макар еден бод на ова денешно тешко гостување.

На Чаир скопска пресметка. Се среќаваат Шкупи и Македонија ЃП, и двете екипи во среда ги чекаат тешки мечеви во Купот, но денеска не смее да се загуби по никоја цена. Чаирчани се на -3 од лидерот и шампионот Струга ТЛ во битката за титулата, а “лавовите“ се на делба на последното место на табелата во битката за опстанок.

Во Турново на стадионот “Кукуш“ домашната Брера во нешто покомотна ситуација ја дочекува Воска. Ова ќе биде дуел за опстанок. Струмичани со победа ќе разрешат многу дилеми иако не до крај, додека Воска по малку е со мислите и во среда на реваншот во Купот. Но Воска е една од најзагрозените екипи во долниот дел и секој бод ќе и биде добредојден.

Утре од 15 часот на програмата се останатите мечеви од ова 27.коло во кое се среќаваат Работнички – Вардар, Струга ТЛ – Брегалница и Шкендија – Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Брера – Воска

Шкупи – Македонија ЃП

Гостивар – Тиквеш

УТРЕ, 15 Ч

Работнички – Вардар

Струга ТЛ – Брегалница

Шкендија – Силекс

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 54, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера 30, Вардар 29, Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25 …бодови

ПретходноУЕФА отвори постапка против Барселона поради расистички скандирања во Париз
СледноЛуис Алберто: Си одам, не сакам ни евро повеќе од Лацио