Во меч од 33.коло во Премиерлигата, Њукасл на свој терен успеа со 4:0 да го победи Тотенхем едноставно го демолираше и играчки и резултатски. Секако дека победата на Њукасл не е сензација, но изненадување и тоа големо е резултатот. Ретко кој се надеваше дека тимот на Постекоглу на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ ќе биде катастрофа.
Исак и Гордон во 30. и 32.минута брзо постигнаа два гола за водство од 2:0 и еуфорија кај домашните фанови. Њукасл не запре тука, следуваше голот на Исак во таа 51.минута за 3:0 и тука се реши победникот на овој меч, ако имаше и дилеми околу тоа.
Конечниот резултат од 4:0 беше поставен од страна на Шар во 47.минута.