Алкалоид со победа си оди од гостувањето кај Тиквеш во дербито на деветото коло во плеј-офот. Избраниците на Кирил Лазаров славеа со 23-28 и останаа на четвртото место на табелата со 21 бод, на два бода зад ГРК Охрид, три зад Вардар. Лидер на табелата е Пелистер со 26 бода.
Марко Митев имаше седум гола, Стојковиќ запиша пет, додека Дамјан Митев имаше четири гола. Трајкоски мечот го заврши со осум одбрани. На другата Манасков имаше осум гола.
Гостите отворија со четири гола (0-4), на другата страна домаќинот успеа да се врати со серија од 6-2 израмнија на 6-6. Сепак гостите дојдоа на плус три (6-9 и 7-10). По последните 8-11, избраниците на Кирил Лазаров влегоа во резултатска криза која пак беше причина за целосен пресврт. Од овој момент Тиквеш со шест гола (серија од 6-2) успеа на одморот да поведе со 14-13.
На стартот на второто полувреме Алкалоид веднаш се врати резултатски, поведе со 14-15, а потоа дојде на плус два 17-19 во 41 минута. Оваа предноста гостите успеваа да ја одржуваат благодарение на Трајкоски, кој беше одличен во моментите кога домаќинот имаше шанса да израмни. Падот на противникот, Алкалоид на крилата на својот голман и добрата одбрана успеа да ја искористи и да поведе со 21-25 (серија од 4-0) на девет минути до крајот, гостите не искористија напад да дојдат на плус пет.
Тиквеш после преку Манасков од седум метри успеа да постигне гол после долго време, во 54. минута беше 22-25, а Алкалоид беше со играч помалку на теренот. Митев погоди важен гол за неговиот тим за 22-26. Симиќ намали на 23-26, но младиот Дамјан Митев беше прецизен од седум метри за 23-27. На другата страна кавадарчани не реализираа напад, но погреши и Алкалоид. Немаше време за нешто повеќе, Алкалоид го имаше мечот во раце.
На останатите средби Пелистер славеше кај Бутел со 30-22, додека Охрид се изнамачи кај Струга, но на крајот дојде до победа од 21-24.
ПЛЕЈ-ОФ
Пелистер – Бутел Скопје 30-22
Струга – ГРК Охрид 21-24
Тиквеш – Алкалоид
ПЛЕЈ-АУТ
Вардар Н. – Мулти Есенс 32-26