Атлетико Мадрид – Џирона 3:1 е резултатот од дерби средбата викендов во Ла Лига. Меч кој донесе одличен фудбал, но треба да се каже дека гостите поведоа со 0:1 и тоа со голот на Довбик во 4.минута, тоа сепак не беше шок за “јорганџиите“ кои во 34.минута со голот на Гризман израмнија на 1:1. Следуваше уште еден гол на домашните за 2:1 и тоа преку Кореа во 45+6.минута, па така на пауза се замина со водство за Атлетико Мадрид.
Точка на победата стави Гризман, со неговиот втор гол, и тоа во 50.минута за конечни 3:1 за тимот на Диего Симеоне.