Ненад Димитријевиќ е незаприлив. Македонскиот репрезентативец одигра уште еден меч за паметење и раскажување. Тој во победата на Уникс Казан над ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ постигна рекордни за него 40 поени, а додаде уште 6 скока, 9 асистенции и две украдени топки.
Ако се земе во предвид дека Уникс Казан регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место, а МВП признанието ќе оди рацете на кошаркар чиј тим ќе биде на врвот, тогаш веќе нема дилеми. Димитријевиќ ќе се закити со уште едно признание за најкорисен играч, овој пат за регуларниот дел од сезоната.
Да не заборавиме дека Нено ефектот во редовите на Уникс вечерва беше историски, неговиот тим за првпат овој дел од сезоната го завршува на прво место.