Вињалес до пол позиција и рекорд на патеката во Остин!

110

Шпанскиот возач Маверик Вињалес со својот Дукати ја освои пол позицијата во Остин, САД и освен тоа постави нов рекорд на патеката со време од 2:00.864 минути во Мото ГП шампионатот. Од втората позиција на главната трка ќе стартува одличниот млад возач Педро Акоста, а од третата позиција ќе тргне Марк Маркез.
Хорхе Мартин имаше две паѓања па на крајот се пласираше на шестата позиција.
Од четвртата позиција ќе стартува Франческо Бањаја, следуваат Енеа Бастианини, Мартин, Еспаргаро, Ди Џанантонио, Морбидели, Безеки…
Главната трка е во недела со почеток од 21 часот по македонско време.

ПретходноЛуд настап на Димитријевиќ – постигна 40 поени во победата против ЦСКА на Рајковиќ
СледноНишто од трофејот во Монте Карло – Ѓоковиќ поразен во полуфиналето