ВМФЛ: Беса ги дочекува “пиратите“, Пелистер на мегдан со Арсими

137

Денеска од 15 часот на програмата се сите осум средби од 24.коло во ВМФЛ. Повеќе од јасно е дека Беса е веќе прволигаш, па и Пелистер, третото бараж-место на Детонит може да го загрози само Арсими. Додека во битката за опстанок од коло во коло некои работи се разбиструваат.

Беса како домаќин ги дочекува “пиратите“ од Автокоманда, се очекува квалитетен меч, сепак се знае кој е фаворит. Пелистер – Арсими веројатно е дербито на колото. Битолчани како да фатија залет и сега итаат кон пласман во елитата.

Детонит како гостин ќе бара победа кај Осогово, додека интересно ќе биде и на дуелот меѓу Охрид и Новаци.

На останатите мечеви се среќаваат Тетекс – Вардар (Н), Беласица – Саса, Башкими – Караорман и Победа – Кожув.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Охрид – Новаци

Беласица – Саса

Осогово – Детонит

Победа – Кожув

Башкими – Караорман

Тетекс – Вардар (Н)
Беса – Скопје

Пелистер – Арсими

ТАБЕЛА

Беса 60, Пелистер 54, Детонит 46, Арсими 41, Охрид 37, Скопје 35, Башкими 34, Беласица 30, Кожув 28, Вардар (Н) 28, Тетекс 24, Новаци 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 17, Караорман 15..бодови

ПретходноЛуис Алберто: Си одам, не сакам ни евро повеќе од Лацио
СледноДали Италија следната сезона ќе има рекордни 6 клубови во Лигата на шампионите?