ВМФЛ: Беса го “скрши“ Скопје, Пелистер убедлив, магија на Наумоски во Битола!

537

Попладнево се одиграа сите осум средби од 24.коло во ПМФЛ. Беса како домаќин славеше против Скопје со 2:1 и со двата гола на Изаир Емини, па така сега овој тим е на чекор до официјализирање на пласманот во Првата лига.

Пелистер со 3:0 го победи Арсими дома, и тоа со головите на Христов, Спиркоски и магијата на Наумоски кој од половина терен стрелаше во мрежата на гостите.

Башкими го торпедираше Караорман, а Вардар (Н) го изненади Тетекс на негов терен. Охрид и Новаци одиграа 2:2.

Детонит како гостин со 1:3 славеше кај Осогово.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО

Башкими – Караорман 5:1

Беласица – Саса 1:1

Беса – Скопје 2:1

Охрид – Новаци 2:2

Осогово – Детонит 1:3

Пелистер – Арсими 3:0

Победа – Кожув 0:1

Тетекс – Вардар (Н) 1:2

ПретходноПМФЛ: Шкупи ја доби скопската пресметка, триумф на Гостивар, Брера со гол во 90+2. до победа а Марушиќ промашуваше зицери!
СледноЛајпциг убедлив а за Елмас само 10 минути, Баерн со триумф, славеше и Дортмунд! (ВИДЕО)