Во Турција до крајот на сезоната ВАР судиите ќе бидат странци

60

До крајот на сезоната во турската Суперлига, ВАР судиите на дерби дуелите ќе бидат странци. Оваа одлука вчера ја донела Турската фудбалска федерација.

Суперлигата ќе ангажира судии од Италија, Шпанија, Германија, Холандија и Португалија. Фудбалскиот сојуз на Турција по скандалот во Суперкупот и се поголемиот број критики на судењето се одлучи на ваков чекор.

До завршницата на сезоната има уште 7 кола, а на врвот во „мртва трка“ за титулата се Галатасарај и Фенербахче. Во моментов Галата има два бода предност пред Фенер.

ПретходноПремиерлигашите изгласаа нов финансиски фер-плеј правилник: Веќе нема одземање бодови!
СледноЗа „Златен гонг 2024“ пријавени се боксери од 20 земји! (ФОТО)