Тимот на Барселона ја впиша 21. победа во шпанската Ла Лига, а вечерва на „Нуево Мирандиља“ славеше над Кадиз со 1:0 во меч од 31.коло. Барселона го совлада 18. пласираниот тим на табелата со 1:0 со гол на Жоао Феликс во првото полувреме.
Во 35 минута по изведен корнер, Португалецот ја затресе мрежата со „ножички“.
Со тоа Барселона ја впиша четвртата победа по ред без примен гол во дуелите со Кадиз и во таа серија има гол разлика 9:0.
Барса е второпласирана со 70 бодови осум помалку од лидерот Реал Мадрид.
Joao Felix just scored a bicycle kick what a f*cking goal 😍
pic.twitter.com/JEcF1hFnj2— H (@hazfcb_) April 13, 2024