Дали Италија следната сезона ќе има рекордни 6 клубови во Лигата на шампионите?

367

Италија може да има дури 6 екипи во следната сезона од Лигата на шампионите.

Италија во моментов има четири места на престижниот турнир, но од следната сезона ќе бидат одвоени четири дополнителни места поради новиот формат воведен од УЕФА.

Тука две од местата одат за националните турнири кои собраа најмногу коефициент поени во последната сезона. Во случајот со Серија А, тоа значи дека клубот кој ќе заврши на петтото место ќе биде директно квалификуван за турнирот заедно со најдобрите четири.

Сезоната, се разбира, сè уште не е завршена, но по последните европски резултати, речиси е извесно дека Серија А ќе заземе едно од двете дополнителни места, бидејќи се на врвот по коефициент бодови во тековната сезона. Но, Серија А има шанса да добие и шестото место во ЛШ. Тоа може да го стори преку Лигата на Европа, ако Рома или Аталанта успеат да го освојат ова натпреварување. Имено овие два тима се далеку од првите 4 на табелата во Серија А но имаат одлични шанси да се борат за трофејот во ЛЕ. Доколку се случи да победат, ќе си отворат место за учество во ЛШ од септември.

ПретходноВМФЛ: Беса ги дочекува “пиратите“, Пелистер на мегдан со Арсими
СледноБарса на „Ел Класико“ со дресови со логото на колумбиска пејачка