За „Златен гонг 2024“ пријавени се боксери од 20 земји! (ФОТО)

141

Како што е познато меѓународниот боксерски турнир “Златен гонг“ е една од најпрестижните спортски манифестации во нашата земја. Оваа година по 53.пат ќе се одржи оваа манифестација и тоа од 3 до 7 мај.

Од БФМ истакнуваат дека на „Златен гонг 2024“ ќе учествуваат боксери од 20 земји и ќе биде навистина квалитетен турнир во Скопје, како што и досега било.No description available.

Четвртфиналните борби ќе се одржат на 4 мај, потоа полуфиналните на 5 мај а самата завршница, односно финалните мечеви на 6 мај.

На крај да истакнеме дека „Златниот гонг“ е влезен во календарот на ЕУБЦ.

ПретходноВо Турција до крајот на сезоната ВАР судиите ќе бидат странци
СледноТенисерките го победија Израел во битката за 4.место!