И шести пат по ред – Слован ја слави титулата во Словачка

144
Слован Братислава

Слован Братислава шеста сезона по ред е недопирлив во најсилната словачка лига. Слован ја слави шестата титула по ред, а севкупно 22 во самостојна Словачка, не сметајќи ги и осумте под Чехословачка од 1945-1993 година.

Слован по 27 кола има 67 бодови, а вторито Спартак Трнава има 48. Тоа е огромна бодовна предност и недостижна за најблискиот ривал. Тоа што тренерот Владимир Вајс го посакува идната сезона Слован да заигра во групите од ЛШ.
За Слован титулата во домашното првенство е задолжителна. Да кажам обврска. Сега кога тоа е исполнето одиме кон нова цел. Да се зајакне екипата за настапите во Лигата на шампионите. Сакаме да го почувствуваме шмекот на групната фаза на ЛШ. Работиме на потенцијалните летни засилување, скаутиравме околу 50-тина фудбалери. Ќе видиме што можеме да направиме“, ги пренесува „Спорт.ск“ зборовите на Вајс.

Во последните четири сезони Слован испаѓаше во квалификациите на ЛШ. Последните две сезони во второто квалификациско коло. Најблиску до групите беше во 2014/15 кога стигна до плеј-офот, а подобар од нив беше БАТЕ Борисов.

Да кажеме дека Слован има европски трофеј, од поранешниот КПК кога во 1969 година во финалето во Базел ја совладал Барселона (3:2).

ПретходноРаботнички убедливо до полуфинале
СледноГол со ножички на Феликс за четврта победа по ред на Барса над Кадиз