Лајпциг убедлив а за Елмас само 10 минути, Баерн со триумф, славеше и Дортмунд! (ВИДЕО)

110

Попладнево се одиграа пет средби од редовното Бундеслигашко коло и повторно Елиф Елмас доби минорна минутажа за Лајпциг против Волфсбург во победата од 3:0.

Дијамантот влезе во игра дури во 86.минута и беше на терен едвај 10 минути.

Стрелци на головите за “биковите“ беа Олмо, Шешко и Опенда.

Баерн Минхен со 2:0 славеше против Келн и со тоа до утре ја одложи шампионската прослава во Леверкузен.

Гереро и Милер беа стрелците за “баварците“.

Дортмунд како гостин славеше со 1:2 во соседското дерби на гости кај Менхенгладбах.

Бохум одигра 1:1 со Хајденхајм. Интересно Шлотенберг беше стрелец на двата гола, прво си даде автогол а во последните минути успеа да израмни на 1:1.

Мајнц со 4:1 го победи Хофенхајм.

ПретходноВМФЛ: Беса го “скрши“ Скопје, Пелистер убедлив, магија на Наумоски во Битола!
СледноСити го “наполни“ Лутон и сега е лидер, стрелаше и Халанд!