Ништо од трофејот во Монте Карло – Ѓоковиќ поразен во полуфиналето

602

Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Монте Карло, по поразот во полуфиналето од норвешкиот тенисер Каспер Руд со 2-1. Првиот сет го доби Норвежанецот со 4-6, следуваше кам-бек на Новак со убедливи 6-1 за само 39 минути игра. Во решавачкиот сет на српскиот тенисер не му одеше, а Норвежанецот со прецизна игра успеа да го добие со 6-4 и со тоа и мечот.
Во последниот гем Каспер поведе со 3-0, но Новак успеа да се врати, врати брејк, па изедначи на 4-4, Новак се расправаше со некој навивач на трибините. По кратка пауза, мечот продолжи, а српскиот тениски ас ја загуби концентрацијата и по неколку грешки доживеа пораз.
Така Ѓоковиќ нема да се бори за третиот трофеј во Монте Карло. А Новрежанецот утре во финалето ќе се соочи со Стефанос Циципас.

ПретходноВињалес до пол позиција и рекорд на патеката во Остин!
СледноЛегендарниот Паоло Малдини само од еден играч побарал дрес!