ПМФЛ: Шкупи ја доби скопската пресметка, триумф на Гостивар, Брера со гол во 90+2. до победа а Марушиќ промашуваше зицери!

1417

Попладнево се одиграа три средби од 27.коло во ПМФЛ. Шкупи ја доби скопската пресметка со 3:1 против “лавовите“. Очекувана победа на големиот фаворит кој сега има ист број бодови со лидерот Струга ТЛ, но и меч повеќе. Дуду Сампајо, Трапановски и Илиески, а Илиевски за гостите беа стрелците на овој меч.

Во Гостивар домашниот состав со 2:1 славеше против комбинираниот Тиквеш. Потук му донесе водство на домашниот состав, израмни Вареловски а Кехинде беше стрелецот на победничкиот погодок.

Во Турново интересен и возбудлив меч меѓу Брера и Воска кој заврши со 1:0 за домашните и тоа со голот на младиот Мартин Ѓорѓиевски во 90+2.минута. Воска може да жали зошто Марушиќ имаше два зицери но не успеа да постигне гол. Големи три бода за струмичани.

Утре се играат останатите три меча од ова 27.коло во нашата елитна лига.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО

БРЕРА – ВОСКА 1:0

(М. Ѓорѓиевски 90+2./)

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1

(Дуди 4., Трапановски 51.Илиески 84./Илиевски 60.)

ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2:1

(Потук 5., Кехинде 78./Вареловски 70.)

НЕДЕЛА, 15 Ч

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

ПретходноПокетино има 11 повредени фудбалери пред мечот со Евертон
СледноВМФЛ: Беса го “скрши“ Скопје, Пелистер убедлив, магија на Наумоски во Битола!