Екипата на Работнички се пласираше во полуфиналето на плеј-офот, откако дојде до третата победа во пресметките со Феникс. „Црвено-белите“ овој пат славеа на гостински терен со убедливи 91-106. Во битката за место во финале, Работнички ќе го чека подобриот од Пелистер и Еуро Никел, тука битолчани водат со 2-0.
Избраниците на Горан Самарџиев кон крајот на првата четвртина ја превземаа контролата на мечот, поведоа со 24-29, а потоа набрзо дојдоа до двоцифрени 26-36. На другата страна Феникс се обидуваше да го пронајде патот до пресврт, но едниствено што успеа е да израмни на 46-46. Главниот чекор кон победата Работнички го направи во третата четвртина која ја доби со 19-34 и стави крај на сите дилеми на оваа средба. Во последниот период, гостите водеа со плус 25 (68-93).
Рикиќ со 24 поени и 10 скока беше прво име кај победникот, Ѓуроски имаше 18 поени, додека Џелетовиќ 18. На другата страна Метјус имаше 18 поени.
Денеска се одиграа мечеви од плеј-аут лигата, а таму Кожув дојде до важна победа над Охрид 91-59 и направи важен чекор кон опстанокот, додека Вардар го совлада тимот на Академија ФМП со 94-92.