Манчестер Сити со 5:1 успеа да го победи Лутон, на свој терен во меч од 33.коло во Премиерлигата. Па така сега со овие три бода тимот на Пеп е лидер на табелата, но и со меч повеќе од Арсенал и Ливерпул.
Хашиока си даде автогол, а потоа за Сити стрелаа Ковачиќ, Халанд од пенал, Доку и Гвардиол. За гостите погоди Баркли за 3:1.
Брентфорд со 2:0 успеа да го победи Шефилд, Барнли одигра 1:1 против Брајтон.
Нотингем Форест одигра 2:2 против Вулверхемптон.