Македонецот Томи Андонов го освои третото место во вкрстени борби на европскиот куп во кик бокс кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Андонов запиша победа над кик-боксер од Унгарија, а потоа беше поразен од хрватскиот репрезентативец Ивано Девлан поради одземени поени поради силината на ударите.
Девлан потоа се закити со златниот медал. Андонов на крајот се пласираше на третото место и го обезбеди бронзениот медал од овој куп.