Труење е причината поради која Де Бруине не играше против Реал (М)

278

Стана познато зошто Кевин Де Бруине не се појави во составот на Манчестер Сити на првиот меч со Реал (М) во четвртфиналето на ЛШ. Според медиумите во Анлиха, тој се затрул со храна во хотелот во Мадрид, каде тимот престојуваше.

Белгиецот се чувствувал лошо пред натпреварот и потоа воопшто не се појави во тимот кој Пеп Гвардиола го изнесе на теренот. Тој повраќал во соблекувалната непосредно пред почетокот на натпреварот.

Самиот играч рекол дека сигурно бил затруен од храната во хотелот неколку часа пред почетокот на натпреварот. Клубот беше многу загрижен за можно масовно труење, но тоа не се случи.

Кевин веќе се вратил на тренинзите на Сити и најверојатно ќе учествува на домашниот натпревар против Лутон.

ПретходноТренерот на Лајпциг: Повторно разговарав со Елмас, мора да биде трпелив!
СледноЈокиќ промаши за победа, Далас без Дончиќ загуби од Детроит