Гол со ножички на Феликс за четврта победа по ред на Барса над Кадиз

255

Тимот на Барселона ја впиша 21. победа во шпанската Ла Лига, а вечерва на „Нуево Мирандиља“ славеше над Кадиз со 1:0 во меч од 31.коло. Барселона го совлада 18. пласираниот тим на табелата со 1:0 со гол на Жоао Феликс во првото полувреме.
Во 35 минута по изведен корнер, Португалецот ја затресе мрежата со „ножички“.
Со тоа Барселона ја впиша четвртата победа по ред без примен гол во дуелите со Кадиз и во таа серија има гол разлика 9:0.
Барса е второпласирана со 70 бодови осум помалку од лидерот Реал Мадрид.

ПретходноИ шести пат по ред – Слован ја слави титулата во Словачка
СледноДодека играа во ПСЖ: Серхио Рамос им покажал на Меси и Нејмар кој е главен!