Легендарниот Паоло Малдини само од еден играч побарал дрес!

3406

Паоло Малдини веројатно е еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот. Како бек на Милан и репрезентацијата на Италија, просто беше уживање да го гледаш на теренот тој господин во копачки а играше против такви ѕвезди како Марадона, Меси, Роналдо да Лима, Роналдо, Зидан…

Изненадување е тоа што Паоло само еднаш во својата долга и блескава кариера побарал дрес од противнички играч.

И тоа се случило во 2000 година кога му се обратил на Дарио Хубнер, напаѓач на Бреша, со молба да ги разменат дресови.

Во прв момент мислев дека се зафркава, големиот Паоло да бара да ги размениме дресовите. Јасно беше дека му го дадов мојот дрес и со тоа ми направи голема чест“ се сеќава некогашниот репрезентативец на Австрија, големо име во Серија А и тогаш фудбалер на Бреша, Дарио Хубнер.

ПретходноНишто од трофејот во Монте Карло – Ѓоковиќ поразен во полуфиналето
СледноМЗТ Скопје го реши Гостивар во една четвртина